Невестата со прсти кине месо од вол, торта на 6 ката - Како изгледала свадбата на Саша Поповиќ и Сузана? (видео)
Парот имал и торта на 6 ката.
„За нашата свадба сè уште се зборува“, рекла Сузана во едно интервју и додала дека Бог го испратил Саша во нејзиниот живот.

Ова е втор брак на Сузана, која веќе имаше еден пропаднат брак зад себе. Таа беше разведена од својот прв сопруг, со кого се омажи на 18 години и од тој брак го доби синот Даниел, а кого Саша го прифати како свој.

Саша, пак, пред Сузана имал бројни врски со пејачки, важел за голем заводник, па дури и ѝ предложил брак на пејачката Злата Петровиќ, а бил во врска и со Неда Украден.
Но сепак, Сузана успеала да „го скроти“ и тие живееја во хармоничен брак скоро 30 години, до неговата смрт на 1 март 2025 година на 71-годишна возраст.

Погледнете видео од свадбата на Саша и Сузана:
Прочитајте и Љубовната приказна на Сузана и Саша Поповиќ - првиот брак ѝ траел 7 месеци, Саша ја освоил со еден гест
А. Ј. | Црнобело
