Адвокатот на Кајмакоски со детали за киднапирањето: „Го врзале со селотејп, ова остави посериозни последици на семејството“
- Детали
- четврток, 05 март 2026
„Очекуваме по лишувањето од слобода на осомничените, мотивите да бидат прецизно утврдени и дали евентуално имало нарачател за киднапирањето“, рекол адвокатот на Даниел Кајмакоски, кој излезе со неколку нови детали за случајот.

Даниел Кајмакоски беше киднапиран во Белград ноќта на 8 февруари, но брзо потоа, во полициска потера, киднаперите со возилото удрија во насип на патот и избегаа, а полицијата го пронајде пејачот неповреден, но видно потресен.
Еден месец по немилиот настан, киднаперите сè уште не се пронајдени, а неговиот адвокат, Бранислав Станишиќ, за српските медиуми првпат јавно зборуваше за осомничените, како се чувствува Даниел во моментов и откри неколку нови детали за случајот.

„Како асистент и пријател на Даниел Кајмакоски, можам да ве информирам дека до овој момент нема поконкретни резултати поврзани со лишувањето од слобода на осомничените за кривичното дело киднапирање.
Се надеваме дека полицијата ќе може да ги спроведе сите потребни активности за осомничените да бидат изведени пред лицето на правдата и дека кривичната постапка ќе започне што е можно поскоро.

Ние сме приближно запознаени со фактите со кои располага полицијата, а што би можело да придонесе за пронаоѓање и идентификација на сторителите.
Отежнувачка околност е што, според досегашните сознанија, најверојатно станува збор за лица кои не се државјани на Република Србија и кои само се нашле на нејзина територија.
Големо прашање е дали тие влегле во земјата регуларно или се нашле тука нелегално, како мигранти“.

Тој вели и дека психичката состојба на Даниел е стабилна, а дека тој ги извршува сите претходно договорени настапи и професионални обврски.
Меѓу нив беше и настапот на српскиот избор за Песна за Евровизија.
„Овој настан остави многу посериозни последици за неговото семејство. Киднаперите го врзале Даниел со селотејп и, заканувајќи му се со пиштол и нож, го принудиле да влезе во неговото возило, кое потоа го возеле во правец на Рума.
Инцидентот почнал во близина на Бетон Хала, каде што полицијата се обидела да го сопре за да изврши редовна контрола на возилото.
