Водителката Јована Јеремиќ со нова скандалозна изјава: „Макро сакаше да ме врбува за елитна проституција“
И стигна до мене некако и почна да ми објаснува како јас треба да носам фустани од 5.000 евра.
А во тоа време јас немам ништо - немав ни работа и штотуку го започнував мојот живот.
Па ми вели дека треба да одам во луксузни хотели, зашто имам фатална енергија, плус сум факултетски образована и така натаму.

И многу добро се сеќавам што ми рече, бидејќи беспрекорно зборувам шпански: „Треба да бидеш задолжена за фудбалери, но само за оние од Реал Мадрид и Барселона“.
Се сеќавам како да беше вчера. Му велам „Господине, ја згрешивте адресата“, но, тој не се предаде, па продолжи: „Единствениот услов е да не им кажуваш на родителите“.
Тука ми се запалија светлата во главата, па му кажав дека јас не припаѓам во тој свет, ниту ме интересираат тие фустани додека не заработам сама за нив и дека не сакам да се занимавам со тоа“, раскажува Јеремиќ.

Таа вели дека веднаш сфатила дека овие жени завршуваат во бело робје, во депонија, убиени или отруени.
„А јас сум интелигентна, што значи дека можам да пренесувам информации, да манипулирам со моќни луѓе.
Бидејќи разбирате, тој сакаше да ме нуди на моќни луѓе што можам да ги манипулирам кога се во мојот кревет. Го одбив.

А тој човек е сè уште на потерница. Никогаш не го открив неговиот идентитет и тоа ќе оди со мене во гроб.
Потоа ме контактираше и ми рече дека ме цени повеќе што сум одбила отколку ако прифатев, само да знаете дека и тоа се случи.
По четири години тој повторно се обиде да дојде кај мене, но тогаш Пеца ме одбрани. Ја споделив таа тајна само со него и тој ме одбрани“, ја завршила својата исповед водителката.

А. Ј. | Црнобело