Срби заглавени на Малдиви се вратија дома: „Имаше милион луѓе, мирисаше на урина, билетите беа над 10.000 евра“
- Детали
- петок, 06 март 2026
„Во Мале, главниот град на Малдиви дојдовме многу рано на аеродром кој смрди, бидејќи таму луѓето спијат со денови“, искрено изјави брачниот пар Радановиќ по пристигнувањето во Белград и сподели детали за голготата.

Српскиот пејач Слободан Радановиќ и неговата сопруга Јелена беа на одмор на Малдиви со синот Дамјан, но за жал поради немирите останаа заглавени таму, поради неможноста за прелет преку Дубаи. Jeлена има уште два сина од претходниот брак.
Тие извесен период беа заглавени и споделуваа на Инстаграм каква е ситуацијата, пред да успеат да пронајдат лет за враќање и да стигнат безбедно дома.

Јелена покажа каде се наоѓаат откако го напуштиле луксузниот ресорт на Малдиви во кој првенствено престојувале.
Слоба со синот на Малдиви:
Таа сподели фотографија од главниот град на Малдиви, Мале, и напиша:
„Од фенси ресорт стигнавме во 'Сутоморе'. 7 часа подоцна нè донесоа на аеродром.
Таму има милион луѓе и сè мириса на урина. Животот е забавен“.

Инаку, Слободан на својот профил на Инстаграм објави какви непријатни пораки добивал од некои луѓе.
„Беше најавено дека ќе го нападнат Ирак, глуперди едни, тогаш не се оди никаде, ама вам ви се зинало да се докажете, е**те ве Малдивите.
Сега 'уживајте' кога не знаете географија, а особено таа твојата жена изоперирана“.
На тоа Слоба сподели што ѝ одговорил:
„Госпоѓо, нападнат е Иран, а не Ирак!“
Инаку, вчера (05.03) Слоба со семејството се врати во Србија, но враќањето дома не му поминало баш најмирно.
Откри дека со денови се обидувал да најде лет, бидејќи многу од нив биле откажани поради ситуацијата на Блискиот Исток, па патувањето траело подолго од планираното.
Тој сподели и дека на продолжениот одмор сонцето баш и не му било сојузник, па ги покажа изгорениците на грбот.

„Кога те тераат на сонце, а ти си роден за шума“, напиша тој во описот на фотографијата.
Инаку, неговата сопруга Јелена на социјалните мрежи сподели фотографии кои открија дека на ова егзотично патување имале и посебна церемонија на венчавање.

Станува збор за симболичен обред каков што често се организира за туристите на Малдиви. Иако изгледа како вистинска свадба, таквата церемонија нема правна важност.
Јелена за оваа прилика oдбрала бел фустан.