Срби заглавени на Малдиви се вратија дома: „Имаше милион луѓе, мирисаше на урина, билетите беа над 10.000 евра“


По драмата на Малдиви, пејачот со семејството се врати дома и на аеродромот за српските медиуми изјави:
„Добро сум, малку сум уморен. Долго патувавме, одевме преку Истанбул и таму чекавме. Дамјан е поуморен од нас.
Сè е во ред, најважно е што стигнавме дома живи и здрави и што немаше проблеми освен што ги изгубивме летовите и не се вративме со закажаните летови.

Се снајдовме, има луѓе што не се снајдоа. Ние ги најдовме последните четири карти.
Реагирав на време, не сакав да чекам бидејќи знаев дека ќе се одолговлечи. Бев информиран за сите случувања.
Финансиски беше тешко, ги покачија цените на билетите, но фала му на Бога што најдовме и се вративме. Одморот не се претвори во пекол.

Поради мои закажани настапи барав карти, имам три настапи за викенд, немав избор. Немав луксуз да чекам што ќе се случи.
Ги следам случувањата. Не дај Боже никому да му се случи ова - нечие дете да гине за нечии идеали. Веројатно подолго време нема да патувам на Малдиви“.

Неговата сопруга Јелена откри дека билетите чинеле навистина многу.
„Сè беше супер, ние во Мале дојдовме многу рано на аеродром кој смрди, бидејќи таму луѓето спијат со денови. Мене ми беше супер, не ми го расипа одморот, ми беше убаво.
Единствено билетите се прескапи, не знам што прават луѓето што немаат пари. Летате економска класа по цена на бизнис класа.
Билетите беа повеќе од 10.000 евра“.
Погледнете фотографии од нивното пристигнување на аеродромот во Белград ТУКА!
С. С. | Црнобело