Азис (48) ги покажа градите со импланти, по операцијата: „Ако ти можеш да носиш фејк патики, зошто јас да не можам гради“
- Детали
- петок, 13 март 2026
„Веќе не одам подгрбавен, туку гордо исправен, затоа што ги носам овие прекрасни гради“, сподели Азис и позираше во разголено издание за да го покаже резултатот од операцијата.

Азис пред извесен период се омажи во САД, а потоа си направи операција на градите, односно си стави импланти за да добие спортски изглед.
Оттогаш минаа неколку седмици, а тој вели дека треба извесен период за имплантите убаво да легнат, но е горд за новиот изглед.
Тој самоуверено позираше 3 седмици по операцијата и на Инстаграм напиша:
„Трета недела од операцијата за зголемување на гради со машки импланти.
Се чувствувам посебно. Благодарност до докторот - менуваш судбини, животи и даваш самодоверба.

Веќе не одам подгрбавен, туку гордо исправен, затоа што ги носам овие прекрасни гради.
За сите кои немаат намера да трошат десетици години во теретани за резултат што исчезнува по неколку минути - не плашете се.
Живејте во иднината. Оставете ги традициите и општоприфатените норми.
Скршете го она што со години ни го всадувале во главата, дека спортот дава карактер, здравје и убавина. Можеби е така, но јас го немав тоа слободно време.
Храбро напред, драги луѓе. Не заборавајте да живеете во иднината.
И ако ти можеш да носиш ‘фејк’ патики, маици и часовници — зошто јас да не можам да носам ‘фејк’ гради?“

