Фудбалер снимаше хрватска мисица во интимна акција со двајца - Таа проговори за тешкото злосторство
- Детали
- сабота, 21 март 2026
„Во тој период најтешко ми беше поради семејството, не поради мене. Би нагласила дека тоа не беше скандал, туку тешко злостроство“, вели Тина Катаниќ (42), која по скандалот во 2015-та добри правда дури во 2021-ва.

Поранешната мисица, лото-девојка и хрватска водителка Тина Катаниќ (42) се повлече од јавноста откако стана жртва на тешко кривично дело што ѝ го обележа животот и ѝ ја уништи кариерата.

Taa доживеа кошмар во 2015 година, кога поранешен фудбалер од понизок ранг, Домагoј Р., тајно ја снимал со мобилен телефон за време на интимен однос со двајца мажи, по што снимката подоцна ја проследил на трето лице.

Правосудниот епилог на овој мачен случај се чекал со години.
Домагoј Р. долго време го избегнувал хрватското правосудство, поради што по него прво била распишана судска потерница, а потоа и европски налог за апсење.

Откако во 2021 година конечно бил екстрадиран од Германија во Хрватска, во октомври истата година правосилно бил осуден на една година и 11 месеци затвор поради неовластено споделување интимна снимка.

Во интервју по пресудата година, Тина првпат отворено проговори за агонијата низ која поминала, нагласувајќи дека тоа што ѝ се случило не е никаков скандал, туку тешко злостроство и сериозно нарушување на приватноста.

Во таа пригода изјави:
„Најискрено, бев жртва на кривично дело и тешка повреда на приватноста. Сакам медиумите да ги пренесат моите зборови, затоа што и многу други девојки биле жртви како мене.
Сакам да ја подигнам свеста за да не се стигматизира нешто што настанало од чиста доверба.
Важно е да се чуе кој е жртва, а кој го сторил тешкото кривично дело.
