„Имав 40kg, побарав стручна помош“ - Луна Џогани за периодот кога стана љубовница на женет маж (пред очите на сите)
- Детали
- сабота, 28 март 2026
„Многу ослабев, имав анксиозни напади, имав само 40kg… Не можам ни да опишам низ што сè поминав тогаш. Не можев да јадам, одев на инфузии. Бев потполно ментално уништена, имав трауми, ми се тресеа рацете“, искрено зборува Луна Џогани за најтешкиот период во животот, кога била на тапет.

Луна Џогани денес е во среќен брак и има две деца со својот сопруг Марко, кој го запозна во ријалити шоу.


Но, пред него таа повторно пронајде љубов пред ТВ камерите кога беше учесник во друго српско ријалити шоу, но за жал со маж кој тогаш беше оженет - Слоба Радановиќ.
Слоба денес е пејач и е во втор брак.

Инаку, во тоа време јавноста жестоко реагираше на врската на Луна со Слоба.
Целото ова искуство било исклучително стресно за Луна, а таа за сето тоа проговори сега, дури десет години подоцна.

Нејзината исповед:
„Кога излегов од ријалити шоуто ‘Задруга 1’ побарав стручна помош, одев кај психијатар.
Два месеца поминаа до втората сезона во која влегов. Пиев антидепресиви тогаш.

Многу ослабев, имав анксиозни напади, имав само 40 килограми… Не можам ни да опишам низ што сè поминав тогаш.
Не можев да јадам, одев на инфузии. Бев потполно ментално уништена, имав трауми, ми се тресеа рацете.
Едното око ми се движеше на страна, сè поради стресот.

Доживеав голем јавен линч. Мислам дека никој не поминал низ сè она што јас тогаш поминав.
Луѓето многу се соживеаја во таа приказна.

