Сека со разголено деколте, Данијела Димитровска како божица – Цела српска естрада на забава кај инфлуенсерката Дуња Јованиќ (фото+видео)
- Детали
- петок, 27 март 2026
На гламурозната прослава за 5 години од нејзиниот бренд, Дуња се појави во сатенска мини ноќница со огромна бањарка, дуваше свеќи на торта од 10 ката, пееја Беквалац, Сека и Саша Ковачевиќ, а на забавата која беше тематски целосно розова, ѝ дојде речиси цела српска естрада.

Вчеравечер во Белград се одржа гламурозен настан во организација на инфлуенсерката Дуња Јованиќ, по повод 5 години постоење на нејзиниот моден бренд BEBE by Dunja.
Во нејзин стил, забавата тематски беше целосно розова, масите беа наредени во форма на број 5, а на влезот, наместо завеса, имаше огромна кошула, како едeн од моделите кои се препознатливи за нејзиниот бренд.

Дуња се појави во необичен стајлинг, облечена во мини розова сатенска ноќница, во комбинација со долга розова бањарка која се влече зад неа.
За гостите дрескодот бил елегантен со нешто розово, а иако повеќето го испочитувале, имаше и такви кои сепак немаа ништо розово на себе.

На забавата присуствуваа голем дел од српската естрада, меѓу кои актерите Андрија Милошевиќ, Милена Радуловиќ, Тамара Драгичевиќ, но и пејачите Саша Ковачевиќ, Сара Јо, Николија, Сека Алексиќ и многу други.

Изненадување на вечерта беше Наташа Беквалац која се појави на сцена и ги отпеа нејзините хитови.

Во еден момент, ситуацијата ескалираше, па и Дуња се качи на бина и запеа со неа во променет аутфит, откако претходно спектакуларно ги дувна свеќичките на огромната торта од 10 ката.

Во текот на вечерта запеаја и Саша Ковачевиќ и Сека Алексиќ, која на настанот се појави во црн аутфит, со длабоко и разголено деколте.
Данијела Димитровска, како и секогаш, воодушеви со својата витка става, а зрачеше со елеганција во бело, како божица.

Погледнете повеќе фотографии и видеа од гостите на забавата:
Софија Милошевиќ

Саша Ковачевиќ

Сека Алексиќ

Андрија Милошевиќ

Николија
