Сека Алексиќ се вози со „автомобил на вода“ во Црна Гора - руча со Лепа Брена, позира во специфичен аутфит
- Детали
- вторник, 14 јули 2026
Сека е горда на килограмите што успеа да ги симне во последниот период, па позираше во транспарентен тесен летен фустан, а за средбата со Брена напиша: „Ручече, кафенце, ракијче“...

Од средба со Лепа Брена и ручек на Јадранското Приморје до уживање во адреналинското возење со глисер, кој наликува на автомобил, Сека мина незаборавни мигови во Црна Гора.


Сека, по настапот, заедно со своите соработници заминала во еден познат ресторан, каде што ја сретнала својата постара колешка.
Двете пејачки дури ги усогласија и своите модни комбинации. Беа облечени во црвени комбинации, а на главите носеа шешири.

„Ручече, кафенце, ракијче“, напиша Сека во описот на фотографијата, која подоцна ја сподели и Брена на својот профил.


Инаку, Брена и ова лето, традиционално, го поминува на Јадранот на јахтата што ја купи заедно со својот сопруг Боба.
Сека, пак, сподели повеќе фотки од својот впечатлив аутфит.


