Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се лекувам“

„Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам, но, се случи“, вели Еди Кисељак, поранешен новинар од Хрватска, кој тврди дека бил намерно заразен со ХИВ и дека лицето потоа исчезнало. Еди се разочарал и не се лекувал 2 години и дошол до степен на СИДА, но потоа со лекови за 4 месеци го вратил телото во форма. Тој денес има сопруг од Норвешка и ги открива деталите за својот живот со ХИВ.

edi-od-hrvatska-za-zhivotot-so-hiv-stanav-koska-i-kozha-se-otvoraa-rani-imav-sida-no-reshiv-da-se-lekuvam-01.jpg

Еди Кисељак е поранешен новинар од Хрватска и човек кој живее со ХИВ вирусот и отворено зборува за тоа.

Тој пораснал во Хрватска, а денес живее во Норвешка со својот сопруг Арилд Јенсен, но често престојува во Хрватска.

Еди има и две сестри и пет внуци, бил навистина близок со својата мајка, но таа починала во 2018-та година.

Еди неодамна гостуваше во емисијата „Nedjeljom u 2“, каде јавно зборуваше за својот живот со ХИВ.

edi-od-hrvatska-za-zhivotot-so-hiv-stanav-koska-i-kozha-se-otvoraa-rani-imav-sida-no-reshiv-da-se-lekuvam-04.jpg

Раскажа како се заразил, како ја доживеал дијагнозата и што значи да се развие СИДА, а предупреди и на стигмата со која се соочуваат заболените во семејството, на работа и дури во здравствениот систем.

Своето искуство Кисељак го преточил и во книгата „Ja sam Edi“, за која вели дека ја напишал затоа што чувствувал дека таа приказна треба да се раскаже.

edi-od-hrvatska-za-zhivotot-so-hiv-stanav-koska-i-kozha-se-otvoraa-rani-imav-sida-no-reshiv-da-se-lekuvam-02.jpg

„Не сакав таа приказна да остане нераскажана. Мислам дека заслужува да живее и мило ми е што го завршив тој процес на пишување.

Книгата е објавена и во претпродажба, па се радувам на сè што доаѓа“, вели тој.

За својата дијагноза вели:

„Со дијагнозата се соочив сам и тоа беше најтешко. Не ја споделив со никого, ја чував длабоко во себе, стана мојата најголема тајна.

Во тој момент не гледав излез. Најцрни мисли ми минуваа низ глава, се чувствував заробено и без надеж.

Тоа беше период кога верував дека мојот живот се распаѓа и дека нема светлина пред мене...“

edi-od-hrvatska-za-zhivotot-so-hiv-stanav-koska-i-kozha-se-otvoraa-rani-imav-sida-no-reshiv-da-se-lekuvam-08.jpg

Во книгата за првпат проговорил и за сексуалната злоупотреба што ја доживеал како десетгодишно момче.

„Никој не го знае тоа. Ова е првпат да зборувам за тоа“, изјави тој, додавајќи дека злоупотребувачот бил човек од соседството кој со недели градел доверба со него.

„Сè почна со некакво поздравување на улица, а заврши со тоа што влегов во неговата куќа...

Мислам дека е важно да се зборува за тоа.

Родителите не го слушаат детето, не гледаат дека нешто не е во ред. Мојата порака е: слушајте го детето и верувајте му, затоа што многу работи може да се кријат зад тоа“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Крвава едвај излегов од станот“ - Хрватска старлета ги разлути сите, се смири со свршеникот што го ... „Мислам дека навистина треба да побараш стручна помош“, „Се надевам дека се шегу...
Српска глумица и хрватски фудбалер чекаат бебе - Се венчаа во тајност, таа беше во врска со Игор Кој... Теодора Бјелица и Карло Мухар се венчаа тајно на почетокот на 2024-та година, а ...
Хрватска старлета стана мета на осуда откако објави фотка во бикини со порака: „Дебели, не сум ви ја... „Вежбам и внимавам што јадам, нормално дека ќе ставам фотка од плажа, а вие дебе...
Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“ „Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
Хрватска инфлуенсерка, која се соочила со породилни компликации, за синот (26) со пречки во развојот... „Велат животот му дава на секој онолку колку што може да издржи. Јас ќе кажам: н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg