Хрватска старлета стана мета на осуда откако објави фотка во бикини со порака: „Дебели, не сум ви јас виновна“
- Детали
- среда, 20 август 2025
„Вежбам и внимавам што јадам, нормално дека ќе ставам фотка од плажа, а вие дебели, не сум ви јас виновна... знам дека и додека го читате ова јадете чипс во кревет. Еве ви малку материјал, па сега издувајте се, можеби ќе изгубите некој грам“ - напиша Ава Карабатиќ.

Ава Карабатиќ (37), една од најпознатите хрватски старлети, со години привлекува големо внимание, не само со изгледот, туку и со своите изјави, поради кои е честопати исмевана во јавноста.
Но, откако пред неколку дена објави фотка во бикини, Ава не стана мета на потсмев, туку на осуда.

Причината за ова е коментарот што таа го напиша на фотографијата.
„Вежбам и внимавам што јадам, нормално дека ќе ставам фотка од плажа, а вие дебели, не сум ви јас виновна... знам дека и додека го читате ова јадете чипс во кревет. Еве ви малку материјал, па сега издувајте се, можеби ќе изгубите некој грам“ - напиша таа.

Иако едни ја бранат, велејќи дека таа само има добра смисла за хумор, повеќето и ја осудија и ја навредуваа, велејќи дека е глупава.
„Душо мила, подобро е да си дебел отколку глупав“,
„Вежба и внимава што јаде, ама не внимава што треска“,
„Барем кај неа никогаш не беше доведен во прашање коефициентот на интелигенција“, се дел од коментарите.

Меѓу нив има и неколку коментари кои велат дека „Ава неодамна молела за пари и собирала донации за да погребот на татко ѝ, ама тогаш очигледно не ѝ било важно дали тие што донираат се дебели или не“.

Ваквите негативни коментари ја поттикнаа Карабатиќ да им одговори, па на Инстаграм Стори проба да се оправда дека била погрешно сфатена.
„За 3 часа има преку 500 коментари на статијата поврзана со мојата изјава за дебелите жени. Па, кога веќе се крена врева, да појаснам...
Немам ништо против дебелите луѓе, и самата имам дебели пријатели кои се духовити итн.
Она го изјавив за луѓето кои често ми ги коментираат мене фотките насочени кон омраза, па кога ќе влезам на тие профили, гледам жени со чипс во рацете. Тие нашле да хејтаат некого...“ - напиша таа.

Инаку, Карабатиќ пред 3 месеци го загуби својот татко, па во тоа време бараше донации преку социјалните мрежи за да собере пари за неговиот погреб.

А. Ј. | Црнобело
