Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се лекувам“

Кисељак зборуваше и за откривањето на сопствената сексуалност, велејќи дека уште како дете се чувствувал поинаков.
„Додека сите момчиња зборуваа за девојки, јас не ги гледав девојките така.
Во нив гледам пријателки, прекрасни личности со кои можам поотворено да разговарам отколку со мажите“.

Еди со ХИВ се заразил пред десет години по сексуален пат, но нагласува дека не станува збор за неодговорно однесување.
„Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. Но, се случи“.
Еди тврди дека бил намерно заразен и дека лицето потоа исчезнало.

Првите симптоми ги почувствувал за време на патување во Африка, поради што морал да се врати во Загреб.
„На почетокот беше како настинка или грип, но никако не поминуваше. Дури и во Луксор добив антибиотици од лекар“.
По враќањето се јавил во Клиниката за инфективни болести, мислејќи дека има дигестивни проблеми.
„Потоа, таму ме прашаа дали во последните две недели сум имал незаштитен однос.
Тогаш ги поврзав работите и ми стана јасно што се случило“.
По дијагнозата, Еди имал чувство дека целиот свет му се срушил.
Поради перцепцијата за ХИВ од 80-тите и 90-тите години, кога се сметал за смртна пресуда, првите две години не се лекувал.
„Го заклучив тоа некаде длабоко во себе. Воопшто не истражував за ХИВ, ништо не пребарував. Се помирив дека ќе умрам“.
