Николина Пишек сподели хорор сцени од нејзиниот двор и соседство, среде невремето во Хрватска
- Детали
- петок, 27 март 2026
Никола Пишек сподели со какво хорор сценарио се соочува Загреб. Таа откри дека во нејзиниот двор има откорнати дрвја, среде страшното невреме.

Николина Пишек со своите следбеници на Инстаграм сподели драматични сцени од непосредната близина на нејзиниот дом во Загреб, како и од своето дворно место каде што се гледа паднато дрво.

На Инстаграм Стори објави неколку фотографии кои јасно ја прикажуваат јачината на ветерот и невремето што го зафати градот.

Застрашувачки сцени со искорнати дрвја, скршени гранки и неред се моментална состојба не само во дворот на Пишек, туку и низ цела Хрватска.
Ваквите сцени уште еднаш потсетуваат колку природата може да биде безмилосна и непредвидлива.

На една од фотографиите, Николина Пишек напиша: „Тушканец (позната населба во Загреб), заобиколувајте додека не се средат работите“, прикажувајќи дрво што паднало врз црн Мерцедес, а на фотографијата од своето дворно место, каде што исто така има срушено дрво, додаде: „Кај нас дома, сè уште се лула“.




С. С. | Црнобело