Бивша девојка го натерала Дарко Лазиќ да се врати во животот на најстарата ќерка - првата сопруга Ана Севиќ благодарна
- Детали
- недела, 05 април 2026
„И мојот сопруг Даниел Неделковиќ сака да му биде пријател на Дарко, бидејќи виде дека понекогаш талка. На Дарко му се потребни добри пријатели“, изјави Ана Севиќ. Нејзиниот бивши Дарко Лазиќ и сегашниот Даниел се заедно на Света Гора, по смртта на брат му на Дарко.

Дарко Лазиќ, по трагедијата во која почина брат му, одлучи да ја посети Света Гора во Грција.

На патувањето е заедно со колегата Саша Капор, но интересно е што со него е Даниел Неделковиќ, сопругот на неговата прва жена Ана Севиќ.

Поранешната сопруга Ана јавно му дава поддршка на Дарко, нагласувајќи дека останале блиски пријатели и дека целото семејство сочувствува со него.

Таа за Дарко изјави:
„Зборови на утеха не постојат, затоа што ништо не може да помогне во вакви ситуации.
Ние, како негови пријатели, сме тука како голема поддршка. Мојот сопруг, Лорена (заедничката ќерка од бракот со Дарко) и сите мои деца сочувствуваат со него“.

Покрај приватната поддршка, Ана застана зад Дарко и јавно, откако тој се соочи со осуди на социјалните мрежи поради тоа што се вратил на настапите, пред да поминат 40 дена од смртта на брат му.

Таа му порача:
„Колкава сила е потребна за ова, секоја чест, Дарко!“
Инаку, пејачката и водителка во една пригода искрено зборуваше за односот со својот поранешен партнер Дарко, кој на почетокот по разводот бил лош, како и за неговата улога во животот на нивната ќерка.

Таа нагласи дека поранешната девојка Барбара Бобак помогнала Дарко повторно да се врати во животот на нивната ќерка Лорена.
Барбара стапила во врска со него по разводот и таа го притискала да ги среди односите со поранешната сопруга и ќерка си.
Ана призна дека постоел проблем по разводот, бидејќи Дарко извесен период не бил присутен во животот на детето.