Скандалот „Кој ја уби Јелена“ го потресе регионот - Пејачка (33) беше убиена, сопругот ослободен, па си фати девојка
- Детали
- петок, 03 април 2026
Нејзиното убиство ја потресе цела Србија, но и регион, по повеќегодишна истрага, судот првично го осуди сопругот Зоран Марјановиќ за убиство на сопругата, но Апелациониот суд ја поништи пресудата, а тој стапи во врска со пејачката Инди. Судењето сè уште трае...

Скандалот „Кој ја уби Јелена“ го потресе цел регион, а за нејзиниот убиец имаше многу претпоставки и долго се трагаше.
Која всушност беше Јелена?
Јелена Крсмановиќ Марјановиќ е родена во 1983 година во Белград, а нејзиниот музички талент бил забележан уште од детството. Семејството често раскажувало дека постојано пее и сонувала за голема музичка кариера.
Нејзиното животно патување било обележано со насмевка и скромност, но и со бројни трагедии. Таа била исклучително талентирана, а истовремено посветена ќерка, сопруга и мајка.

Својот прв албум го објавила во 2002 година, што бил почетокот на нејзината музичка кариера.
Многумина често ја нарекувале наследничка на Светлана Цеца Ражнатовиќ, но потоа судбината започнала сурово да се игра со нејзиниот живот.
Јелена тешко ја поднела смртта на татко ѝ.
По смртта на татко ѝ, се повлекла од јавната сцена, а дури по десет години, кога конечно собрала сила да се посвети повторно на музиката, отворено зборувала за тие тешки моменти за српските медиуми.
„Тоа комплетно ме уништи. По неговата смрт немав сила да продолжам.
Тој ја водеше мојата кариера, беше моја сила. Никој не смееше да ми пријде.
Кога замина, сè се изгасна. Сега кога се вратив на сцената, чувствувам дека и мојот татко е среќен, каде и да е“.

Јелена се омажила во 2010 година за композиторот Зоран Марјановиќ, со кој ја добила ќерката Јана, додека нејзиниот сопруг од претходниот брак имал син.
Иако нивниот брак на прв поглед делувал идилично, извори блиски до нив тврделе дека често се карале.
Подоцна овие тврдења ги потврдиле и пријателките на Јелена, како и роднините.
Фризерката на пејачката, З. Г., навела дека Зоран често се однесувал кон Јелена со потценување – ја нарекувал „тетка“ и ја критикувал поради изгледот и облеката.
„Ја прашав зошто не го остави, а таа ми одговори: ‘Зоко, тој ќе ме убие ако го оставам’“, раскажала фризерката.

Слични тврдења изнела и уште една пријателка на Јелена, нагласувајќи дека повеќепати била сведок на непријатни сцени меѓу сопружниците, за време на кои Зоран често ја нарекувал Јелена „дебела“ и „тетка“, што ѝ пречело.
Кратко потоа дознала дека мајка ѝ заболела од малиген тумор, па ја презела целата грижа за неа.
Растргана меѓу работа, дете и болна мајка, никогаш не се жалела.
Јелена била млада пејачка во подем, а во своето последно интервју изјавила дека многу сака да пее.
„Животот е за борци. Или си лав или те нема. Знам колку татко ми го сакал моето пеење, сакам да му ја исполнaм таа желба“.
Нејзиниот исчезнување било пријавено на 2 април 2016 година, а нејзиното безживотно тело било пронајдено на насип во населбата Црвенка во населбата Борча во Белград.
Јелена имала 33 години кога била убиена, а нејзиното убиство ја потресе цела Србија, но и регион, потсетувајќи на оние од американските трилери.
