Скандалот „Кој ја уби Јелена“ го потресе регионот - Пејачка (33) беше убиена, сопругот ослободен, па си фати девојка
По повеќегодишна истрага, судот првично го осуди сопругот Зоран Марјановиќ за убиство на сопругата, но Апелациониот суд ја поништи пресудата.
Судењето сè уште трае, а се очекува казна до 40 години затвор.
Една од нејзините блиски пријателки од српската музичка сцена била Нада Топчагиќ.
По смртта на пејачката, тврдела дека Јелена во последните денови била зафатена со подготовки за заедничка дуетска песна што требало да ја снимаат и како да претчувствувала нешто.
„Се сеќавам дека седевме до три часот наутро во студиото додека ја држеше ќеркичката во раце. Таа како да претчувствуваше дека ќе умре.
Ме повика пред неколку дена и брзаше со премиерата. Упорно инсистираше на тоа, а инаку не беше таква да се закачи за нешто“.
Сепак, најтрагичните зборови за судбината на Јелена ги изговорила нејзината тогаш петгодишна ќерка, која денови по смртта на мајка ѝ повторувала: „Вратете ми ја мојата мама, сакам да си играм со неа…“

По смртта на пејачката, Зоран пронашол љубов и среќа со пејачката Инди Арадиновиќ, на која ѝ го има напишано најголемиот хит „Бато бре“, а пејачката всушност била пријателка и се дружела и со покојната сопруга на Зоран.





С. С. | Црнобело
