„На сè сум спремна за пари“ - Поранешна кошаркарка од Србија (и мајка) е мета на осуда за начинот на кој заработува
- Детали
- петок, 03 април 2026
„Еве, јас одам да спијам во 22 часот навечер, не излегувам, не пијам, ме нема никаде, никој не може да ме сретне... А сепак сум ку*ва. А зошто сум ку*ва, тоа не го знаат“, вели Милица Дабовиќ, која е мета на осуда поради профилот на „OnlyFans“.

Милица Дабовиќ, поранешна капитенка на кошаркарската репрезентација на Србија, наиде на голема осуда кога, како успешна спортистка, одлучи да отвори профил на страницата за возрасни „OnlyFans“, каде „продава“ свои разголени и интимни фотографии.

Сепак, мајката на едно дете, како што откри одговарајќи на прашања од следбениците на Инстаграм, негативните коментари не влијаеле врз неа.

„По сите прозивки околу страницата, гледам дека ја намали активноста, верувам дека тоа е знак дека си блиску до целта“, ѝ напишал еден од следбениците.
„Јас дури сега почнав, важно ми е што ме обожаваат на страницата“, одговори Милица.

„Зошто се занимаваш со тоа?“, прашал друг.
„Затоа што уживам во тоа“, кратко одговори Милица.

Неодамна зборуваше за навредите што ги трпи откако го отворила профилот.
„Почнав да кажувам една изрека: ‘Од овие чесните, ние ку*вите не можеме да дојдеме на ред.
Еве, јас одам да спијам во 10 часот навечер, не излегувам, не пијам, ме нема никаде, никој не може да ме сретне... А сепак сум ку*ва. А зошто сум ку*ва, тоа не го знаат’.
