Милица Дабовиќ, која призна дека е спремна на сè за пари, ќе се мажи за кумот на Дарко Лазиќ: „Среќна сум првпат по 43 години“
- Детали
- сабота, 04 април 2026
„Зафатена сум, сакана сум и верена сум“ – одговори Милица дрско на обожавател, откако претходно за дечкото, кој е кум на Дарко Лазиќ, изјави: „Тој е вистинскиот и ќе се омажам за него, ќе му родам 5 деца и ќе живееме среќно до крајот на животот. Син ми го обожава“.

По завршувањето на кошаркарската кариера Mилица останала без приходи, за што отворено зборуваше, a за да заработи пари за својот син продавала облека, а учествуваше и во шоуто „Survivor“ каде уште повеќе се прослави.

Поранешната капитенка на кошаркарската репрезентација на Србија, наиде на голема осуда кога пред неколку години, како успешна спортистка, одлучи да отвори профил на страницата за возрасни „OnlyFans“, каде „продава“ свои разголени и интимни фотографии.
Неодамна таа повторно беше во фокусот на јавноста, кога на Инстаграм одговараше на прашања и одговори, а призна дека е подготвена на сè за пари.

На друго прашање, поврзано со нејзиниот љубовен живот, кога еден обожавател отворено ја праша дали би излегла со него да се запознаат во живо, а Милица одговори:
„Не сакам и мислам дека е лудо да добивам вакви глупави прашања. Зафатена сум, сакана сум и верена сум“.

Инаку, таа е во врска со кумот на пејачот Дарко Лазиќ, Милан Цветиновиќ, кој живее во Америка.
Со оваа изјава Дабовиќ првпат потврди дека е свршена и дека повторно ќе се мажи, откако во минатото отворено зборуваше за љубовта со него.

„Во љубовта цветаат рози, среќна сум конечно. Чудно ми е дека сум конечно среќна по 43 години.
Тој е вистинскиот и ќе се омажам за него, ќе му родам 5 деца и ќе живееме среќно до крајот на животот.

Од претходните дечковци не добивав ништо, само ме изневеруваа и ме крадеа.
Стефан (синот) го обожава Милан, беше со мене во Америка, како да се знаат цел живот“ – изјави таа во една прилика, но тогаш остана мистериозна на прашањето дали е свршена.

Милица проговори и за тоа како нејзиниот партнер реагира за тоа што таа заработува преку OnlyFans:
„Милан ме поддржа во сè, а ми кажа дека наскоро нема да има потреба од тоа.
Тој едноставно тоа го сфати како моја работа, терам додека можам да терам.
Мажите имаат фантазии и голема почит кон мене“.

Поранешната кошаркарка своевремено изјави дека е често кај партнерот во Америка, но дека повеќе сака да почнат заеднички живот тука, бидејќи тој чека документи за да може да се врати.
М. М. | Црнобело