Цеца во Chanel комплет од 8.000€ на концерт - Го изнесе внукот на сцена, Мики Секуловски ѝ пее придружни вокали
- Детали
- понеделник, 06 април 2026
На сцената со Цеца беше еден од синовите на Вељко, а пејачката не криеше дека е горда баба, иако физички воопшто не изгледа така - беше облечена во тексас аутфит со кроп топ под кој се гледаше нејзината згодна фигура.

Српската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ минатиов викенд одржа концерт во Јагодина, кој беше одличен како и секој нејзин концерт, а сепак малку поличен од другите.
Пејачката на концертот дојде со еден од своите внуци, Жељко, кој ја помина вечерта на задниот дел од бината со неа.

Но, гордата баба, освен што си доби роза од внукот, го изнесе на сцената и запеа со него.
Во видеата објавени на социјалните мрежи може да се види и дека тој често оди до Цеца, и шепоти на уво, а во еден момент бил на видео повик со својот татко Вељко, кој е во Русија, па го однел и телефонот докај Цеца.

Пејачката, пак, на сцената излезе во спортски аутфит - широки фармерки со циркони и елек во истиот стил и бела маичка.
Според Инстаграм профилот StyleByCeca, станува збор за тексас комплет од Chanel кој чини 8.000 евра.
Обетките со кои го дополни изгледот се Swarovski и чинат 130 евра, додека на нозете носеше сандали од брендот Jimmy Choo, кои се 650 евра.

Со Цеца на концертот пееше и нашиот Мики Секуловски, а кому пејачката му беше ментор додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“.

Тој пееше како нејзин придружен вокал, а често и самиот изведува песни на нејзините концерти.
Мики по подолго време на Инстаграм Стори сподели фотка од концертот и покажа дел од атмосферата.

Погледнете видеа од концертот на Цеца во Јагодина:
А. Ј. | Црнобело