Здравко Чолиќ ја виде својата прва девојка во публика на концерт, слезе да ја гушне: „Старата љубов не се заборава“

Чола, во манир на вистински џентлмен, слегува меѓу публиката и со широко раширени раце оди кон Јасна. Тие се прегрнуваат, како блиски пријатели, како луѓе кои некогаш си биле сè еден на друг, а Здравко ѝ ја бакнува раката и продолжува да пее.

zdravko-cholikj-ja-vide-svojata-prva-devojka-vo-publika-na-koncert-sleze-da-ja-gushne-starata-ljubov-ne-se-zaborava-01.jpg

Здравко Чолиќ е легенда на овие простори, пејач кој веќе неколку децении е во среќен брак со Александра со која има две ќерки.

Но, долго пред да стане толку популарен и да се ожени, тој беше во врска со актерката Јасна Орнела Бери, на која ѝ ја посвети песната Noć mi te duguje.

zdravko-cholikj-ja-vide-svojata-prva-devojka-vo-publika-na-koncert-sleze-da-ja-gushne-starata-ljubov-ne-se-zaborava-03.jpg

Јасна беше на еден од неговите концерти во родното Сараево, кои Чола ги одржува деновиве.

Салата секоја вечер е преполна, распродадена, а концертите се кој од кој поубав, пишуваат босанските медиуми.

Но, најемотивниот момент се случи на петтиот концерт, а на кој беше токму Јасна.

Чола, во манир на вистински џентлмен, но придружуван од обезбедувањето, слегува меѓу публиката и со широко раширени раце оди кон Јасна.

zdravko-cholikj-ja-vide-svojata-prva-devojka-vo-publika-na-koncert-sleze-da-ja-gushne-starata-ljubov-ne-se-zaborava-02.jpg

Тие се прегрнуваат, како блиски пријатели, како луѓе кои некогаш си биле сè еден на друг, а Здравко ѝ ја бакнува раката и продолжува да пее.

„Старата љубов не се заборава. Повторна средба на Здравко и Јасна на концертот исполнет со емоции и љубов“, пишува босанскиот Најпортал на видеото што го објави на Инстаграм.

Кликнете и погледнете го видеото од емотивната средба:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здравко Чолиќ: „Моите ќерки се разгалени, постарата многу сака да се слика, постојано е со телефонот... „Имам две ќерки кои се разгалени. Нормално... Па, и јас би бил разгален да сум н...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Здравко Чолиќ ѝ прослави 24-ти роденден на ќерката со забава во ресторан - букет рози, чанта од 2.80... Уна Чолиќ пред извесен период конечно го откри идентитетот на 10 години постарио...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава