Неда Украден има 46-годишна ќерка убавица и зет кој го истетовирал името на баба си Неда (која ја обожава)
- Детали
- понеделник, 20 април 2026
„Мажот на ќерка ми го прифатив како свое дете. Зет ми не го истетовира моето име поради имот, туку затоа што му помогнав со здравјето. Инсистирав да оди на една клиника...“, вели Неда Украден за зетот, кој има 3 деца со нејзината ќерка и Неда му е идол.

Неда Украден (75) вчера (19.04) го прослави 46-тиот роденден на нејзината ќерка Јелена Украден, eдинка, која секојдневно ја прави горда.

Пејачката јавно ѝ се обрати преку Инстаграм и ѝ упати најубави зборови:
„На денешен ден ја родив својата убавица, својата среќа, своето најголемо богатство! Среќен роденден мила моја Јецо.
Да ми живееш уште мнооогу долго, здрава и среќна со твоите прекрасни деца и мојот зет Пеца. Ти посакува твојата мајка Неда“.
Јелена ретко се појавува во јавноста и најмногу е посветена на семејниот живот.
Таа е успешен директор за маркетинг, а воедно е и сопственичка на салон за убавина во Белград.


Неда за неа во една пригода изјави:
„Мојата желба, како и на секоја нормална жена, особено разведена, е да го види своето дете среќно, со своето семејство“.

Јелена со сопругот Предраг и трите деца живее во Белград во голема семејна куќа, додека летата ги поминуваат во една од двете недвижнини што ги имаат на море.
Тие се родители на Александра, Неда и Душан, а Предраг од претходен брак има и ќерка по име Милица.
