Неда Украден има 46-годишна ќерка убавица и зет кој го истетовирал името на баба си Неда (која ја обожава)
Приватниот живот на Неда се врти околу нејзината ќерка, трите внуци и зетот Предраг, со кого има посебен однос.
Тие се сакаат и се почитуваат, а колку се блиски потврдува и неговата тетоважа.

Предраг го истетовирал името и презимето на познатата пејачка на својата рака, што некои ги воодушевило, а други ги изненадило.
Бабата и зетот очигледно се во одлични односи.

Неда во една пригода проговори за тетоважата:
„Мажот на ќерка ми го прифатив како свое дете. Пеца не го истетовира моето име поради имот, туку затоа што му помогнав со здравјето.

Инсистирав да оди на една клиника и успешно го решивме проблемот“.

Станувало збор за проблем со видот, кој бил сериозен и постоела опасност да ослепи на едното око.
За среќа, сè завршило добро, а тој од благодарност решил да го истетовира нејзиниот потпис.

