Чедомир Јовановиќ, кој по разводот ужива во животот со Аца Кос, за здравствените битки: „Ми откажуваа органите“
- Детали
- петок, 24 април 2026
„Почнаа да ми откажуваат органи, навистина беше една трагична ситуација, со која се соочував со некој чуден мир“, вели Чедомир Јовановиќ (55) за најтешкиот миг во животот, кој по 25 години брак и 4 деца, почна да живее со пријателот Аца Кос, со кого јавно покажуваат колку се сакаат.

Чедомир Јовановиќ (55), кој долги години важи за најубавиот српски политичар, по 25 години љубов се разведе од сопругата Јелена, со која има 4 деца.
Политичарот барањето за развод го поднел во февруари 2024, но во јавноста за разводот се дозна дури на крајот од 2024-та.

Потоа започна да живее со својот близок пријател Александар Кос, со кого секаде се појавува заедно, гостуваат во емисии, снимаат Инстаграм видеа од својот заеднички живот.

Тој за него вели дека секогаш му бил поддршка во најтешкото.
Во гостување во подкастот за „Вечерње новости“, Чедомир искрено проговори за здравствените проблеми со кои се соочил откако прележал корона пред неколку години, во време на пандемијата што го зафати целиот свет.

Неговата исповед:
„Пред две или три години бев навистина на раб и се чувствував многу лошо, тешко дишев.
Практично, тоа беа последици од короната и сè што поминав, без да навлегувам премногу во таа приказна.

По сите лекари кои констатираа дека тоа е тоа и дека веќе немам бели дробови и дека станува збор за недели, евентуално уште некој месец живот...
Капацитетот на белите дробови ми падна од 8,2 литри на 0,7.
Размената на гасови во белите дробови ми беше 60 проценти, значи од тоа што го вдишувам со тие 0,7 литри, 60 проценти белите дробови го прифаќаат, остатокот го отфрлаат.