Мелина го затвора бутикот во Белград, Харис Џиновиќ ја запозна идната снаа - Продолжува драмата на бившите сопружници
Тој не крие дека има отворена и блиска врска со својот син.
„Еднаш му реков на Кан: „Ако излегуваш ноќе со девојка, од тоа нема ништо. Девојките ‘се ловат’ преку ден, а потоа се договараат за излегување навечер.
По ова ми се јави и ми вели: „Тато, посетивме шест или седум кафулиња со градини, сретнавме осум девојки. Леле, каков лав си ти’,“ изјавил своевремено Харис за синот.

Во меѓувреме, пак, Мелина решила да го затвори бутикот во Белград, а својот моден бизнис да го пресели во Монако.
Наводно, нејзиниот нов сопруг веќе инвестира во нејзиниот моден бизнис, и вложил околу 200.000 евра за таа та проба да ја привлече светската клиентела која доаѓа на Азурниот брег.

Мелина не крие дека сонува да создаде модна империја и да продолжи да ги облекува светските ѕвезди како и досега.
„Мелина долго време пробуваше да го усклади животот во странство со водењето бизнис во Белград, но и на неа ѝ стана јасно дека тоа не може да функционира како што сака, па донесе одлука да го затвори бутикот во Белград и да се позиционира во Монако“, рекол пријател на модната креаторка.
Мелина со новиот сопруг
Истиот извор за српските медиуми рекол и дека новиот сопруг на Мелина е многу галантен и дека ја обожава.
„Тој не жали ништо кога е таа во прашање. Многу е влијателен во Монако, има бројни успешни пријатели на разни позиции и контакти, па преку своите врски ѝ помогна да отвори бутик во една концептуална продавница и наскоро почнува со работа“.
А. Ј. | Црнобело