5-годишно дете фрлало предмети од балкон во Солун, мајка му го оставила само во станот - јавноста ја критикува (видео)
- Детали
- четврток, 30 април 2026
Петгодишно дете цел час фрлало предмети од балкон, вклучувајќи и правосмукалка, во центарот на Солун бидејќи мајка му го оставила само. Полицијата влегла во станот преку соседен балкон, а набрзо потоа мајката се вратила дома и била приведена.

Вчера (29.04) неколку грчки медиуми споделија видео од станбена зграда во Солун, на кое се гледаат расфрлани играчки и предмети пред влезот.
Предметите ги фрлало 5-годишно дете кое било оставено само во стан на највисокиот кат.
„Полицијата беше повикана поради инцидент во центарот на Солун, каде што петгодишно дете цел час фрлаше предмети на улицата од балкон.
Наводно детето било само во станот. Кога полицијата пристигна, го пронајдоа детето заклучено внатре.
Му пристапија од соседниот балкон, а потоа влегоа внатре со помош на бравар“, стои во описот на една од многуте објави.
Според локална телевизија, детето фрлало секакви предмети вклучувајќи играчки, па дури и правосмукалка.
Според некои очевидци, пред да почне да фрла предмети, детето пуштало и вода преку балконот со помош на црево.
За среќа, никој не бил повреден, а полицијата била известена од случајни минувачи.
Мајката се вратила кратко по пристигнувањето на полицијата и наводно ѝ рекла на полицијата дека го оставила детето со друга личност додека била на лекар.
Сепак, детето било само во станот и не е познато дали претходно навистина имало некој друг со него.
По инцидентот мајката и детето биле однесени во полициска станица, а жената била уапсена.
Според последните информации, случајот уште се разгледува, а детето било привремено згрижено кај други членови на семејството.
Инцидентот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи и многумина ја критикуваат мајката што оставила толку мало дете без надзор.
„Нека се радува што и самото не скокнало од балконот“.
„Како мала и мене ме оставаа сама дома и не фрлав предмети, туку метев со правосмукалката. Но, јас лично никогаш не би го оставила моето дете само дома“.
„Боже, па можело и самото да падне од балконот!“
„Можеби сега родителите ќе си ја научат лекцијата дека не треба да оставаат петгодишно дете само дома“.
Погледнете ги видеата:
Спирова С. | Црнобело