Пејачката Слаѓа Делибашиќ заработува 13.000 евра месечно - Отвори градинка во Белград, ретко настапува
- Детали
- недела, 03 мај 2026
„По сплет на околности отворив бизнис со кој моите деца би можеле да се занимаваат во иднина. Со години работев во училиште за танц со деца. Силвија дипломираше за да биде воспитувачка, а јас сакав да успеам како деловна жена“, рекла во едно интервју за бизнисот кој ѝ носи околу 160.000 евра годишно.

Слаѓана Делибашиќ, првата сопруга на Ѓоле Џогани, со кого пееше во популарната група „Џогани“, одамна е повлечена од музичката сцена.
Таа денес ретко настапува, а веќе неколку години има приватен бизнис, кој ѝ носи висока заработка - Слаѓа, заедно со една од нејзините ќерки, отвори приватна градинка во Белград, во елитната населба Врачар.

На Слаѓана ѝ оди бизнисот со градинката, таа континуирано инвестира во нејзиниот развој и заработува одлично.
Според српските медиуми, кои ги објавија достапните финансиски податоци, а повикувајќи се на Агенцијата за деловни регистри, нејзината градинка има годишен приход од околу 160.000 евра.

Тоа значи дека Слаѓана заработува скоро 13.000 евра месечно.
„По сплет на околности отворив бизнис со кој моите деца би можеле да се занимаваат во иднина.
Со години работев во училиште за танц со деца. Силвија дипломираше за да биде воспитувачка, а јас сакав да успеам како деловна жена.

Сакав да создадам убава атмосфера за децата, кога нивните родители ќе ги донесат тука, да се чувствуваат како дома.
Тие деца и таа енергија со која можете да направите некој друг среќен се најважни за мене. Од утро сум во градинката, самата ја чистам двапати неделно“, рекла таа во едно интервју.

Иако денес настапува многу ретко, таа сè уште заработува пари и од музика - претходно снимените песни, кои беа вистински хитови, продолжуваат да генерираат приходи преку дигитални платформи.
Според проценките од специјализирани страници кои ги следат заработките преку музичките платформи, нејзините месечни приходи од YouTube, Spotify, Deezer и слично, изнесуваат околу 3.000 евра.

А. Ј. | Црнобело