Со малку оседена коса, има 54 години, 4 деца: Каде е и што прави денес евровизискиот миленик Сакис Рувас?
- Детали
- среда, 13 мај 2026
Како млад работел и на градилиште за да се грижи за браќата, а гласините за неговата сексуална ориентација не престанаа ни кога се ожени со манекенката Катја, со која беше во врска од 2003, а е во брак од 2017 година и имаат четири деца. Како изгледа Сакис денес?

Грчкиот пејач Сакис Рувас стекна огромна популарност во 2004 година и стана миленик на Македонките, но и на жените од цела Европа.
Вчерашната прва полуфинална ноќ на Евровизија 2026 повторно ја разбуди носталгијата меѓу фановите, но и „оживеа“ спомени за некогашните големи ѕвезди на ова натпреварување, меѓу кои беше и тој.

Хитот „Shake It“ му донесе огромна слава и армија обожавателки кои со години го следеа.
Потоа, на Евровизија се натпреваруваше и во 2009 година во Москва, кога со песната „This Is Our Night“ го освои седмото место, а и тогаш неговиот настап беше проследен со овации.

Но, каде е што прави денес?
Рувас денес има 54 години и води значително помирен живот.

Гласините за неговата сексуална ориентација не престанаа ни кога се ожени со манекенката Катја (Katia Zygouli).
Тие беа во врска од 2003, а во брак се од 2017 година и имаат четири деца – два сина и две ќерки.


Рувас, инаку, е роден во многу сиромашно семејство и имал три браќа за кои морал да се грижи уште од 5-годишна возраст.
