Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофали со новиот салон
- Детали
- недела, 24 мај 2026
Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 евра ги средил веѓите и на Кеба, гради нов луксузен салон во елитна населба во Белград.

Адам Адактар, кого едно го нарекуваат генијалец во неговата работа, а други за него велат дека е екстремен и чуден лик, веќе некое време гради нов салон за убавина.

Оваа импресивна градба се протега на 1270m2, а чини 5 милиони евра и е сместена во една од најелитните населби во Белград, Дедиње.

Иако салонот не е готов, тој сепак работи, а Адам, реши да покаже дел од ентериерот и кажа дека е задоволен од тоа како напредуваат работите.

Тој сподели видео на социјалните мрежи прво од надворешноста, а потоа и од внатрешноста на салонот.

Се пофали дека во неговиот салон има 2.000 огледала, а дека ѕидовите се лиени.

