Куќа од 390 квадрати вредна 1,3 милиони евра - Северина купи нов дом во елитна населба во Загреб
- Детали
- среда, 31 декември 2025
Хрватската ѕвезда Северина наскоро ќе го напушти пентхаусот во Загреб, каде што живееше 15 години и ќе се пресели во луксузна куќа од 390 квадрати.

Дека има нов дом, Северина навести со фотките од католички Бадник, кој го прослави со мајка ѝ.
На фотографиите се гледа дека ѕидовите се гипс картон и дека сè уште се прават, подот беше послан со слама, а просторијата беше украсена со црвени венчиња, закачени на дрвени скали какви што користат градежните работници.
Веќе следниот ден Северина сподели фотографии од прославата на Божиќ во нејзиниот дом.
„Последниот Божиќ во овој прекрасен стан чии ѕидови се сеќаваат на Велигден, Божиќ, родендени, радости, смеа, тага и жалост.
Овие ѕидови се украсени со најубавите приказни раскажани токму на оваа маса. И опкружена со луѓе пред кои можам да бидам своја“, напиша таа.
Според хрватските медиуми, Северина во мај 2025 се регистрирала како сопственик на луксузна вила во загрепската населба Шестине, во подножјето на Сљеме, а со поглед на Медведница.
Имотот во кој ќе живее е на пазарот со години и се продавал за 1,5 милиони евра, а Северина наводно го купила за околу 1,3 милиони.

Таа зела кредит од еден милион евра за да ја купи новата куќа, а сè уште не го продала ни пентхаусот каде што живее во последните 15 години.
Според медиумите, за овој стан би можела да добие околу еден милион евра.

Новата куќа на Северина е комбинација од луксуз и функционалност. Таа има плац од 1.600m2, додека станбениот простор 390 квадрати.
Куќата поседува пространи дневни соби, тераси, градината, винската визба, има гаража, лифт, подно греење, климатизација и модерен безбедносен систем, а дел од фотографиите како изгледала претходно се објавени преку сајтот на агенцијата која го продавала имотот.
Погледнете повеќе фотографии:






Прочитајте и Северина слави Бадник со „грда“ елка и кристални чаши: „Каде е мама, таму е домот“
А. Ј. | Црнобело