Северина слави Бадник со „грда“ елка и кристални чаши: „Каде е мама, таму е домот“
- Детали
- четврток, 25 декември 2025
„Кај што е мама, таму е домот. Еден посебен Бадник за нас“ - напиша Северина и објави неколку фотографии со својата мајка, која ја обожава.

Вчеравечер католиците славеа Бадник, а меѓу нив и Северина, која на својот Инстаграм објави неколку фотографии од прославата.
Таа денот го помина во друштво на својата мајка, на малку необично место.

Подот на просторијата во која се фотографирани е прекриен со сено, поставени се неколку дрвени скали украсени со црвени венци, маса со многу кристални чаши. и една природна, но „грда“ елка со малку гранки и неколку сијалички на неа - како во објект што се гради и е преуреден за прославата.

„Кај што е мама, таму е домот. Еден посебен Бадник за нас“ - напиша Северина.
Таа на фотките ја прегрнува мајка си и двете дами се насмеани и среќни, па многумина претпоставуваат дека пејачката гради куќа за мајка ѝ и дека решиле да го поминат празникот токму таму.
Погледнете ги фотографиите:






А. Ј. | Црнобело
