Застрашувачки снимки од денешниот земјотрес во Турција - луѓе панично бегаат надвор, нема податоци за жртви и штета

Иако веројатно денешниот земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер нема предизвикано штета како катастрофата од 2023-та, на видеата што се споделуваат онлајн се гледа како луѓе панично бегаат од своите домови, а училиштата се евакуираат. Земјотресот се случил во источниот дел на Турција, а бил почувствуван и во Сирија.

zastrashuvachki-snimki-od-deneshniot-zemjotres-vo-turcija-lugje-panichno-begaat-nadvor-nema-podatoci-za-zhrtvi-i-shteta-01.jpg

Денес (20.05) дел од Турција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер.

Земјотресот се случил во девет часот наутро, на длабочина од седум километри, во градот Малатија. Засега нема информации за жртви и материјална штета, но училиштата биле евакуирани.

Турција се наоѓа на многу таканаречени раседи или раседни линии, односно расцепи на земјината кора.

Овие пукнатини се јавуваат како резултат на движењето на тектонските плочи, а во активните раседни зони земјотресите се честа појава.

Денешниот земјотрес бил почувствуван и во Сирија и Либија.

Во 2023 година, Турција се соочи со силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер во кој загинаа над 50.000 лица, а беа уништени стотици илјади згради.

И овој земјотрес беше почувствуван во северните делови на Сирија, каде што животот го загубија 6.000 лица.

Најверојатно во денешниот земјотрес нема жртви, ниту материјална штета како во 2023 година, но на Твитер се споделуваат морничави снимки од потресот.

Се гледа како се евакуираат училишта, но и како луѓе панично излегуваат од зградите и куќите.

Дел од објавите во продолжение:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Турција – згради се срамнети со земја, има и една жртва... Во вчерашниот земјотрес што ја погоди Турција, се срушиле неколку згради, а жал ...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
Јелена Карлеуша со дрзок коментар за Теа Таировиќ: „Смрди на евтино и преку екран“ Запрашана што мисли за стилот на Теа Таировиќ, која се фотографираше во костим с...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Милица Тодоровиќ објави први фотки од синот и ѝ честиташе роденден на мајка си, која најмногу ѝ пома... „Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ниту црни, ниту бели“, гл...

Најчитани неделава