Сара Јо раскина со словенечкиот танчар по 5 години, гласини дека синот на Драган Бјелогрлиќ ѝ е нов дечко
Парот почна да се гледа во 2021 година, откако се запознаа преку социјалните мрежи, а потоа се сретнаа во Будва, бидејќи двајцата во исто време имаа настапи.

„Требаше да излеземе на пијалак и да се запознаеме, а мене толку ме мрзеше, што отидов без шминка и со полумокра коса.
Но, ме маѓепса неговата енергија и зрелост. Брзо потоа се случи нашата прва соработка и јас потполно се изгубив“, раскажа своевремено Сара.

Жига ја следеше Сара на скоро сите нејзини концерти како танчар, а правеше и кореографии за нејзините спотови и сценски настапи.

Но, српските медиуми сега тврдат и дека таа има нов дечко, Алексеј Бјелогрлиќ, синот на Драган Бјелогрлиќ.
Алексеј Бјелогрлиќ
Телеграф.рс објави нивни фотографии направени во белградски локал, на кој делуваат блиско, по што почнаа пишувањата дека Сара го заменила танчарот за младиот актер.

Фотографиите и видеото од Сара и Алексеј можете да ги погледнете ТУКА.
А. Ј. | Црнобело