Прва исповед на Слоба Васиќ, кој пијан направи скандал при авионски лет и заврши во психијатриска болница: „Алкохолот беше тригер“
- Детали
- среда, 27 мај 2026
„Анксиозноста е нешто што трае, сигурен сум дека има врска со сè, но ќе се изборам. Тие денови малку повеќе пиев, тоа е причината. За сè во животот мора да постои некаков тригер, кај мене тоа беше алкохолот“, искрено раскажува српскиот пејач Слоба Васиќ по скандалот.

Српскиот пејач Слоба Васиќ се најде среде скандал и ja вознемири јавноста кога непосредно пред полетување oд Белград за Цирих, каде што имал закажан настап, во алкохолизирана состојба направил инцидент при качување во авионот.
Пејачот сега за српските медиуми ја имаше првата исповед по излегувањето од психијатриската клиника и призна дека алкохолот бил главниот „виновник“ за неговото однесување на аеродромот.

Васиќ поминал шест дена на машкото одделение во психијатриската установа „Лаза Лазаревиќ“., а како што вели, изолацијата му годела.
„Ми годеше изолацијата, малку човек да ја олади главата од сè. Јас доброволно отидов таму.
Во тој момент „Лаза Лазаревиќ“ беше единствената дежурна болница. Да беше друга установа дежурна, ќе одев таму“.

Пејачот вели дека тоа што му се случило не е ништо страшно и дека може да му се случи на секому.
„Се случи тоа што се случи, не сакам да се навраќам на тоа. Имав непријатност и не можев да влезам на летот.
На секој човек може да му се случи нешто такво, сè е за луѓе. Не е ништо страшно.
Како што кажав и претходно во медиумите, јас сум обичен човек како и сите други и така се однесувам“.

Тој е сигурен дека анксиозноста со која долго време се бори има врска со инцидентот, но дека тој ден алкохолот бил главниот повод.
„Анксиозноста е нешто што трае, сигурен сум дека има врска со сè, но ќе се изборам. Тие денови малку повеќе пиев, тоа е причината.
За сè во животот мора да постои некаков тригер, кај мене тоа беше алкохолот. Поради тоа не можев да влезам на летот, па се разбеснив.
Постојат начини да се излезе од тоа, само што јас сум јавна личност, па тоа се гледа поинаку“.
Сопругата на Слоба