Скандал со смрт на милениче (по посета на салон за груминг) крена прашина во Србија - се огласи и Марија Шерифовиќ
- Детали
- среда, 25 јуни 2025
„Мојата Тили почина. Почина поради грубите раце на човек кој требаше да се грижи за неа. Почина затоа што поверував дека работата со кучиња значи и љубов кон нив. За жал, не е така“, гласи дел од потресната исповед на сопственичката чија 3-месечна пудлица почина од направените повреди од грумерот на кој му била доверена.

Скандал ја потресе Србија кога пудлицата Тили, стара три и пол месеци, починала по третманот за шишање во еден салон за груминг на кучиња во Белград, а сè поради бруталноста и неодговорноста на грумерот, тврди нејзината сопственичка.
„Груминг“ е термин што се користи за нега на миленици, најчесто кучиња, и вклучува: шишање на крзно, капење, четкање, сечење на нокти, чистење на уши, понекогаш и стилизирање (како фризура).
Сопственичката, потпишана како @nevensi на Инстаграм, чие куче за жал починало, јавно се пожали за ситуацијата.
Нејзината објава, која вирално се споделува, гласи:
„ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА КУЧИЊА
Ова е апел од скршено срце.
Вчера мојот ден се претвори во ноќна мора. Ја однесов мојата мала пудлица Тили на груминг – весела, здрава, нежна душа.

Отиде таму со доверба, а се врати скршена. Не можеше да дише. Одбиваше храна. Стана летаргична.
За само неколку часа, поради грубоста и неодговорноста на грумерот, моето бебе претрпе тешка повреда на белите дробови.
Ветеринарите се бореа за нејзиниот живот до доцна во ноќта, но нејзините бели дробови не издржаа.

Мојата Тили почина. Почина поради грубите раце на човек кој требаше да се грижи за неа.
Почина затоа што поверував дека работата со кучиња значи и љубов кон нив. За жал, не е така.

Затоа ве молам:
Не ги водете вашите кучиња кај кого било.
Не верувајте на секоја насмевка и убав салон.
Барајте препораки. Бидете присутни. Набљудувајте.
Не плашете се да прашате како се однесуваат кон кучињата.
Тили имаше само 3 месеци. Не смееше да умре“.

Дури и пејачката Марија Шерифовиќ видно потресена од настанот се огласи на својот Инстаграм профил.
