Душко Тошиќ (41) призна дека има нова девојка - личи на Карлеуша, 10 години е помлада од него
За неа се знае само дека е разведена и дека, исто како Тошиќ, има две деца.

Парот е, наводно, во врска околу 6 месеци, но се многу блиски и вљубени.
„Нон-стоп се заедно. Почнаа полека, но имаат слична енергија и веднаш се поврзаa, скоро и да не се одвојуваат еден од друг. Одамна не сме го виделе вака среќен“, рекол близок пријател на Тошиќ.

Нејзиниот профил на Инстаграм е затворен, но неколку фотки сепак се појавија во јавноста.
Дел од коментарите се дека таа многу потсетува на Јелена - со платинесто руса коса, полни усни, големи гради и долги нозе.

Нора е, наводно, 10 години помлада од Душко.

Таа 6 години живеела во Будимпешта, каде што студирала.

А. Ј. | Црнобело