„Сосетката нè пријави за обид за убиство“ - Милица Тодоровиќ за времето кога била цимерка со Катарина Живковиќ

„Го ‘рибавме’ балконот со киселина и таа капела долу кај сосетката. Катарина чисти ли чисти со ракавици, кога одеднаш полиција ни ѕвони на вратата“, раскажала низ смеа Милица Тодоровиќ.

sosetkata-ne-prijavi-za-obid-za-ubistvo-milica-todorovikj-za-vremeto-koga-bila-cimerka-so-katarina-zhivkovikj-01.jpg

Последните неколку месеци, откако се дозна дека Милица Тодоровиќ доби дете со оженет маж, таа е постојано во центарот на вниманието, а медиумите го следат секој нејзин чекор.

Откако неодамна се појави на концертот на Марија Шерифовиќ во Белград, едно од нејзините први појавувања во јавноста по породувањето, Милица повторно „стана интересна“ и тоа преку едно постаро гостување во шоуто на Огњен Амиџиќ.

sosetkata-ne-prijavi-za-obid-za-ubistvo-milica-todorovikj-za-vremeto-koga-bila-cimerka-so-katarina-zhivkovikj-06_copy.jpg

Своевремено, таа и пејачката Катарина Грујиќ заедно гостувале во популарното Амиџи Шоу, па зборувале за времето кога биле цимерки во Белград.

Милица, која е од Крушевац, и Катарина, која е родена во Лесковац, почнале да живеат заедно во српската престолнина.

sosetkata-ne-prijavi-za-obid-za-ubistvo-milica-todorovikj-za-vremeto-koga-bila-cimerka-so-katarina-zhivkovikj-07.jpeg

Во годините поминати заедно, тие имале многу интересни ситуации, но велат дека никогаш нема да заборават кога сосетка ги пријавила во полиција за обид за убиство.

„Го ‘рибавме’ балконот со киселина и таа капела долу кај сосетката. Каќа чисти ли чисти со ракавици, кога одеднаш полиција ни ѕвони на вратата.

Полоцајците ни кажаа дека сосетката нè пријавила за обид за убиство зашто киселината се слевала по нејзиниот ѕид“, раскажала Милица смеејќи се на чудната ситуација во која се нашле.

sosetkata-ne-prijavi-za-obid-za-ubistvo-milica-todorovikj-za-vremeto-koga-bila-cimerka-so-katarina-zhivkovikj-03.jpg

Таа кажала и дека брзо потоа го решиле недоразбирањето со жената.

Инаку, Милица и Катарина одамна не живеат заедно, но и денес се многу блиски и си се огромна поддршка една на друга.

sosetkata-ne-prijavi-za-obid-za-ubistvo-milica-todorovikj-za-vremeto-koga-bila-cimerka-so-katarina-zhivkovikj-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милица Тодоровиќ објави први фотки од синот и ѝ честиташе роденден на мајка си, која најмногу ѝ пома... „Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ниту црни, ниту бели“, гл...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Милица Тодоровиќ се породи во тајност - Остана бремена по 2 месеца врска, веќе не е со партнерот Пејачката Милица Тодоровиќ детето ќе го расте сама, без партнерот што го криеше ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...

Најчитани неделава