Дара Бубамара за (не)пријателството со Сека Алексиќ: „Таа е единствената што сакаше да ми наштети“

„Го закажа концертот седум дена пред мојот, а знаеше уште од ноември дека ќе имам концерт и на кој датум. Тоа беше навистина расипано од нејзина страна“, вели Дара Бубамара за прилините зошто веќе не комуницира со некогашната блиска пријателка.

dara-bubamara-za-ne-prijatelstvoto-so-seka-aleksikj-taa-e-edinstvenata-shto-sakashe-da-mi-nashteti-01.jpg

Фолк-пејачките Дара Бубамара и Сека Алексиќ долго време беа добри пријателки, но повеќе од 8 години се во конфликт и не сакаат да слушнат една за друга.

Дара и Сека во минатото заедно ги славеа сите важни животни моменти, одеа на родендени и слави една кај друга, се поддржуваа во секоја пригода.

Но, нивното пријателство врска заврши во 2018 година, а причината за тоа е - концерт.

dara-bubamara-za-ne-prijatelstvoto-so-seka-aleksikj-taa-e-edinstvenata-shto-sakashe-da-mi-nashteti-03.jpg

Според Дара, Сека намерно закажала концерт во Белградска арена само 7 дена пред нејзиниот, иако месеци однапред знаела кога Дара планира да го закаже својот концерт.

Оттогаш, меѓу нив две нема никаков контакт меѓу нив, но Дара и понатаму нема добро мислење за својата поранешна пријателка.

Таа вели и дека Сека е единствената која намерно сакала да ѝ наштети професионално.

dara-bubamara-za-ne-prijatelstvoto-so-seka-aleksikj-taa-e-edinstvenata-shto-sakashe-da-mi-nashteti-05.jpg

„Сека Алексиќ е единствената личност што сакаше да ми наштети во кариерата и со тоа нашата комуникација заврши доживотно.

Го закажа концертот седум дена пред мојот, а знаеше уште од ноември дека ќе имам концерт и на кој датум.

dara-bubamara-za-ne-prijatelstvoto-so-seka-aleksikj-taa-e-edinstvenata-shto-sakashe-da-mi-nashteti-02.jpg

Тоа беше навистина расипано! Не успеа во намерата затоа што направив спектакл, но не беше ни човечки ниту убаво од нејзина страна.

Таа не е оперска пејачка, па да пееме тотално различен жанр и да ни се поклопат концертите, нашата публика е иста целна група“, рекла Дара, која е сега член на жирито во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

dara-bubamara-za-ne-prijatelstvoto-so-seka-aleksikj-taa-e-edinstvenata-shto-sakashe-da-mi-nashteti-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дара Бубамара со гаф во „Ѕвездите на Гранд“: „Ми личиш на Северина“ - ѝ рече на бившата снаа на Кеба... Видеото од непријатната ситуација е хит на Инстаграм: „Мене ми беше одлична, ама...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Празнична магија во домот на Лидија Вукичевиќ - природна елка со воз на шини, камин и безброј украси... „Бајката ја направив сама, а магијата ја делам со вас“, напиша таа на Инстаграм ...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg