Неда Украден со исповед за разводот, но и за најлошиот одмор: „Бев на Малдиви, толку е здодевно - без врска“

Таа откри и што било пресудно за да донесе одлука за развод.
„Кога го видов однесувањето кон мене и кон нашата ќерка, реков: нема повеќе ниту еден ден.
Тоа не беше договорот за нашиот живот и за одгледувањето на детето.
Ако треба да бидам сама, ќе бидам сама. Можеби некој друг ќе биде со мене, но ти сигурно нема“.

Како што објасни, дополнителен аларм биле моментите кога во нивниот однос почнале да се појавуваат навреди и меѓусебни повредувања.
„Почнаа, се разбира, и грдите зборови. Кога почнаа грдите зборови, сфатив дека не сакам да ја уништам љубовта во која верував десет години“.
Инаку, таа зборуваше и на разни други теми, меѓу кои и места за одмор кои не ѝ се допаднале.
Една од тие дестинации е Малдиви, а Неда за таму вели:
„Сум била на Малдиви, тоа е толку здодевно... Неверојатно здодевно.
Мене тоа ми е без врска.

Само песок... Горе небо високо, долу море длабоко, мали ајкули пливаат околу тебе, а ти си како на некоја дрвена платформа, во фазон: ‘Леле, колку е убаво’...

Па, мене поубава ми е секоја стара куќа во Далмација, од тие најлуксузните на тој океан, кога гледаш ајкули.
Ма, фала за ајкулите, навистина!“

Нејзиното гостување:
С. С. | Црнобело
