Рада Манојловиќ искрено за зависноста: „Земав лекови за смирување со месеци, ми ги препиша лекар - едвај ги прекинав“
- Детали
- сабота, 13 јуни 2026
„Секој што мисли дека ‘ќе земам, па ќе се откачам кога ќе проценам дека не ми треба веќе’, греши. Не е толку лесно. Ми беше многу тешко да се откажам од апчињата“, рекла искрено Рада Манојловиќ.

Пејачката Рада Манојловиќ, честопати зборува отворено за својот живот, а тоа ги вклучува и проблемите со кои се соочила низ годините.
Таа за српските медиуми откри дека психологот, кај кого одела на терапии, ѝ препишал лекови од кои подоцна станала зависна.
Рада вели дека решила јавно да зборува за лошото искуство за да ја крене свеста за оваа тема и да ги охрабри луѓето на кои им треба стручна помош да ја побараат навремено, за да се поштедат од подоцнежните проблеми.

„За почеток, дозволете ми да кажам дека тоа е многу непријатна работа. Навистина бев зависна. Не можев да се откажам од ‘Ксанекс’ шест месеци.
Го кажувам ова јавно затоа што секој што мисли дека ‘ќе го земам, па ќе се откачам кога ќе проценам дека не ми треба веќе’, греши. Не е толку лесно.
Ми беше многу тешко да се откажам од апчињата. Би препорачала таблети само како последно средство кон кое треба да се свртите.
На пример, ако изгубите член од семејството, мора да ги користите за да ја ублажите болката.

Јас, кога нешто ќе ме погоди, го чувам во себе.
Никогаш не ја пренесувам мојата нервоза на другите, туку сè чувам за себе.
Не успевам ни да се „испразнам“ како што треба. И тоа не е добро.
Затоа психијатарот ми рече да најдам издувен вентил. Сега веќе не одам на психијатар. Сега сè ми е одлично. Лекот делуваше“, рекла Рада.

Таа кажува и дека никогаш не мешала алкохол со лекови за смирување.
„Тоа немојте да го правите ни во лудило“, додала Рада.
А. Ј. | Црнобело
