Се разведува еден од најубавите српски парови - Еден ден по веста за разводот, таа се бакнува со нов дечко
- Детали
- вторник, 09 јуни 2026
Српската актерка Јелисавета Орашанин, по 9 години брак се разведува од кошаркарот Милош Теодосиќ со кого има две деца - но само еден ден по информацијата дека не се заедно, во јавноста се појавија видеа како актерката се бакнува со 11 години помлад дечко.

Српската актерка Јелисавета Орашанин (37), по 9 години брак се разведува од кошаркарот Милош Теодосиќ.

Иако важеа за складен и заљубен пар, еден од најубавите во Србија, се чини дека нивната љубов сепак имала проблеми, бидејќи тие веќе не се заедно.

„Таа остана во семејниот дом со децата, а Милош се исели.
И покрај разводот, тие се во одлични односи, а приоритет им се децата и нивното воспитување“, рекол близок пријател на парот за „Блиц“.

Јелисавета и Милош низ годините ги избегнуваа прашањата за приватниот живот и се трудеа да не се експонираат премногу како пар.
Тие се венчаа во 2017 година и имаат две деца, синот Богдан и ќерката Петра.

Многумина беа изненадени од веста за разводот на парот, но уште поголемо изненадување е што само еден ден откако се дозна за разводот, српските медиуми објавија фотки и видео од Јелисавета како се бакнува со нов дечко.
Станува збор за актерот Павле Менсур (26), син на познатиот Ирфан Менсур, а кој е 11 години помлад од Јелисавета.

