Душко Тошиќ раскина со девојката - таа си прави провокативни селфи, не се следат веќе на Инстаграм, му праќа пораки преку стихови
- Детали
- понеделник, 22 јуни 2026
Нора објави низа фотки на кои позира сама и покажува колку е фит, додека пред тоа се возеше во автомобил пуштајќи стихови за заборав, најверојатно посочувајќи на врската со Душко Тошиќ.

Нора Милосављевиќ, за која српските медиуми пишуваа дека е новата избраничка на поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, привлече големо внимание со својата нова објава на социјалните мрежи.


Атрактивната русокоса на Инстаграм Стори сподели видео од луксузен автообил за време на возење, додека во позадина се слуша песната на Ана Николиќ „Добро дошао у мој заборав“.

Стиховите на познатата балада зборуваат за крај на љубовта, преболување и оставање на минатото зад себе, па следбениците веднаш почнаа да погодуваат дали Нора на овој начин сакала некому да му испрати порака.

Многумина се прашуваа дали песната е посветена токму на Тошиќ, односно дали меѓу нив постојат проблеми или станува збор само за песна што сака да ја слуша.
Инаку, Душко и Нора повеќе не се следат на социјалните мрежи, што исто така предизвика лавина од коментари.

Дополнителен сомнеж предизвика и фактот што фотографијата на која позираат прегрнати веќе подолго време е отстранета од неговиот профил.

Нора објави низа фотки на кои позира, но без Душко:



