Харис Џиновиќ: „Кога ќе ми излезе фотографија на Мелина, веднаш ја прескокнувам - не читам вести за неа“
За себе вели дека е нормален, господин човек и образуван, додавајќи дека среќата не е во полни вреќи пари.
„Парите ми се потребни исклучиво за добро вино, добра храна и некое патување“, искрено призна пејачот.
Кога станува збор за жените и евентуална нова љубовна врска, Харис е јасен – од тоа нема ништо. Низ смеа порача дека повеќе ништо не му треба од жените.
„Им дадов сè што требаше и немам за што да жалам“, додаде тој.
Џиновиќ воопшто не посакува нова љубов и истакнува дека се плаши да не му се повтори истото.
„Не сум се заљубил, не дај Боже. Зошто би се заљубувал ако повторно го добијам истиот исход? Тоа би било само прелевање од шупливо во празно“, заклучи Џиновиќ.
Иако низ бурниот развод помина под будното око на јавноста, пејачот се труди односот со своите деца да го заштити од медиумите.
На прашањето какви совети му дава на својот син Кан по сè што се случило, Харис кратко одговори дека тоа се интимни теми за кои разговараат исклучиво „меѓу четири ѕида“ и никогаш не ги изнесува во јавност.
С. С. | Црнобело