Уникатниот начин на кој Мелина Џиновиќ го запознала вториот сопруг, милионер од Монако
- Детали
- четврток, 23 април 2026
„Тоа е филмска приказна. Мелина повикала такси за до аеродром. Не знам каде летала, но таксистот љубезно прашал дали може да качи уште еден господин“, ја започнува приказната извор близок до Мелина, за нејзиното запознавање со сопругот милионер.

Модната креаторка Мелина Џиновиќ неодамна се омажи за британскиот милионер Џефри Пол Арнолд Деј, а по Монако, прославата ја продолжија во Италија.
По бракот со Харис Џиновиќ, Мелина повторно ја пронајде својата среќа, но како всушност се запознала со Џефри?

Нивната прва средба се случила спонтано во такси.
Таа по турбулентниот развод, одлучила да го продолжи животот во Монако, а таму во нејзиниот живот влегол Арнолд.

Извор близок до Мелина, открил детали за запознавањето за српските медиуми:
„Тоа е филмска приказна. Мелина повикала такси за до аеродром.
Не знам каде летала, но таксистот љубезно прашал дали може да качи уште еден господин.
Малку е чудно, бидејќи таксистите ретко земаат повеќе патници одеднаш. Можеби била посебна ситуација или судбина.
Нешто сигурно било, но ова Мелина лично им го раскажувала на своите пријателки“.

Со оглед на тоа што приватни возачи и луксузни лимузини се стандард за богатите во Монако, оваа средба во такси навистина е исклучок.
Комуникацијата течела природно, а симпатиите се појавиле уште пред да стигнат на дестинацијата.
„Размениле контакти, по што продолжиле да се гледаат...
Разговорот што започнал спонтано, брзо прераснал во нешто повеќе. Веќе за време на возењето меѓу нив се почувствувала посебна енергија.

Таа му зборувала за модата, а тој уживал.
Кога излегле првпат на вечера, на Мелина ѝ станало јасно кој е тој и колку е успешен. Тоа било доволно да ѝ се допадне уште повеќе и разликата во години да не ѝ пречи“.

С. С. | Црнобело