„Секоја чест“ - Раста го смени личниот опис, ослабен, пострижан, како нов човек - воодушевена е и Снеже Велков
- Детали
- понеделник, 06 јули 2026
„И овој шок за денес и доста е! Раста раперот се направил човек. Каква трансформација секоја чест!“, напиша Снеже Велков, а новиот изглед на Раста го поддржа и неговата поранешна сопруга Ана Николиќ. Раперот буквално изгледа непрепознатливо.

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста во последно време привлекува огромно внимание од јавноста поради драстичната физичка трансформација со која е речиси непрепознатлив.

Раста, кој со години беше препознатлив по своите суканици, сега има сосема кратка коса. Плус, е драстично ослабен.
Раста сподели фотки со новиот изглед на својот профил на Инстаграм и веднаш предизвика лавина од реакции и коментари.

Се огласи дури и нашата водителка Снеже Велков.
Снеже Велков на Инстаграм Стори објави фотки од Раста и напиша:
„И овој шок за денес и доста е! Раста раперот се направил човек. Каква трансформација секоја чест!!“

Сепак, на јавноста не ѝ избега фактот дека фотографија му лајкувала и неговата поранешна сопруга, пејачката Ана Николиќ.

Пејачката Ана Николиќ неодамна предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако, по повод роденденот на својот поранешен сопруг, раперот Раста, сподели објава.

На Инстаграм објави заедничка фотографија со нивната ќерка Тара, придружена со едноставна порака.
„Тато, среќен роденден“, напиша Ана покрај фотографијата на која се таа, Раста и нивната ќерка Тара.

Објавата предизвика многу позитивни коментари. Голем број луѓе ја пофалија Ана за нејзината зрелост и истакнаа колку е важно детето да ги гледа своите родители во пријателски односи, дури и по разводот.
Повеќе нови папарацо фотки од него ТУКА...
С. С. | Црнобело