Нова изјава на сопругата на повредениот Србин: „Се тресе кога ќе слушне звук од авион, јас имам трауми, мислев ќе загинеме“
- Детали
- вторник, 14 јули 2026
„Стјуардесите воопшто не ни помогнаа, вода ни дадоа другите патници. Тој беше низ прозорецот минута и пол до две. Се онесвести трипати“, раскажала во новата изјава, Светлана, сопругата на повредениот Љубиша Каровиќ.

Светлана, сопругата на Љубиша Каровиќ (61), кој преживеа вистинска драма откако дел од неговото тело беше повлечено низ скршен прозорец во авион на Ryanair, на лет од Солун до Минхен, раскажа нови детали за страшниот настан.
Таа кажа дека нејзиниот сопруг три пати ја изгубил свеста и дека патници се обиделе да го затворат отворот ставајќи куфер на скршениот прозорец, но дека силната сила на декомпресијата во авионот го исфрлила Љубиша надвор.

Тој бил извлечен до градите и останал надвор од авионот помеѓу минута и пол и две минути, рекла таа.
„Седев позади, девојката што седеше до него го зграпчи за рака. Три лица го влечеа назад во авионот.
Маските за кислород паднаа, настана целосен хаос. Мојот сопруг се онесвести трипати.
Го ставија куферот на прозорецот, но сепак беше вшмукан низ него“, изјавила Светлана за грчката државна телевизија ЕРТ.

Потоа, раскажала уште неколку детали за несреќата:
„Бевме во воздух околу 30 до 40 минути кога се скрши стаклото. Мојот сопруг седеше до прозорецот и, за среќа, носеше сигурносен појас. Тоа му го спаси животот.
Стјуардесите воопшто не ни помогнаа, вода ни дадоа другите патници, а и до денес никој од компанијата не нè контактирал.
Мојот сопруг има сериозни повреди, носи медицинска крагна и кога ќе чуе звук на авион почнува да се тресе. Јас сум во многу лоша ментална состојба и пијам лекови за смирување.
Се плашев за нашите животи, мислев дека авионот ќе се сруши“.

Љубиша и понатаму е хоспитализиран во болница во Солун, со повреди на вратот и рамената и изгореници од триење на воздухот.
А. Ј. | Црнобело