Ќерките на Карлеуша се на одмор во Турција со татко им - кршат чинии, поголемата Атина во смели пози
- Детали
- среда, 15 јули 2026
Додека Карлеуша ги промовира стиховите „Сама себе се заведувам, од самата себе се разведувам“, нејзините ќерки Атина и Ника се на одмор во Турција со татко им. Kaко се забавуваат во Мармарис?

Душко Тошиќ летните денови ги поминува на одмор со ќерките Атина и Ника во Турција.
Тројцата уживаат во заедничките моменти, а една од вечерите им беше резервирана за вистинска забава со традиционална музика.

Посебно интересен бил моментот кога заедно кршеле чинии, девојчињата не ја симнуваат насмевката од лицата притоа.

Иако Атина и Ника се веќе доволно возрасни за да уживаат во вечерни излегувања сами, цело време се под будното око на својот татко.
Фотографиите и снимките од одморот покажуваат дека семејството максимално го користи заедничкото време и ужива во секој момент.


Инаку, иако се разведени, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ подеднакво се грижат за своите ќерки, но бидејќи пејачката сега има многу деловни обврски, девојчињата се на одмор со татко им.
Карлеуша неодамна во изјава за српските медиуми откри и дали нејзината нова песна „Сега е сè во ред“ е посветена на Душко.

„Нему му беше посветена „Тивок убиец“, а ова е продолжение на „Тивок убиец“.
Има стих: „Сама себе се заведувам, од самата себе се разведувам“... па тоа го поврзаа со мојата животна приказна. Но, нека биде тоа животна приказна на многу жени.
Тие имаат едно лице дома, друго во јавноста, трето лице за своите деца, за да бидат силни.
Луѓето ме доживуваат како силна, но секој што барем малку ја разбира човечката психологија знае дека морам да бидам силна во јавноста, додека приватно сум сосема поинаква“.

