Цеца откри каква трудница била Анастасија: „Mислев ќе биде тромава, но таа дури носеше високи потпетици - бев шокирана“
- Детали
- четврток, 23 јули 2026
„Јас мислев дека во последните месеци може да биде тромава, поради тежината, поради сè, бидејќи на повеќето трудници им се случува тоа. Но, не, она носеше високи потпетици, јас бев шокирана. Таа излегуваше на вечери...“, открива Цеца за однесувањето на Анастасија во бременоста.

Цеца Ражнатовиќ стана баба на 4-то внуче, 3 има од синот Вељко и сега едно од ќерката Анастасија.
Таа по нејзиното породување изјави:
„Јас сум богата жена. Не постои поголемо богатство и радост од тоа кога ви се раѓаат внуци, здрави, убави и силни. Внукот е одлично, Анастасија е одлично.

Анастасија не ја криеше посебно бременоста, таа функционираше нормално, како и секоја друга жена во бременоста, едноставно не сакаше тоа да го споделува јавно и да објавува на социјалните мрежи.
Најблискиот круг на пријатели знаеше од самиот почеток“.


Сега таа откри и каква била Анастасија како трудница.
Цеца за Анастасија вели:
„Јас мислев дека во последните месеци може да биде тромава, поради тежината, поради сè, бидејќи на повеќето трудници им се случува тоа.

Но, не, она носеше високи потпетици, јас бев шокирана. Таа излегуваше на вечери, носеше високи потпетици, се облекуваше во склад со можностите, но многу, многу подвижна и динамична трудница, што е супер и за неа и за бебето.

Убаво е што повеќе да се движи, само високите потпетици ми беа фасцинантни“.
