Дадо Полумента има 11 години помладата сопруга - му роди трето дете, за 1 месец се врати во топ форма, а се фали и со новиот стан
- Детали
- сабота, 25 јули 2026
Сопругата на пејачот, на Инстаграм објавува фотки со бебето на кои може да се види дека, иако скоро породена, ја има скоро истата фигура како и пред бременоста. А на повеќето фотки го покажува и новиот луксузен стан, што го купија пред неколку месеци.

Ивона Полумента, третата сопруга на црногорскиот пејач Дадо Полумента, пред 1 месец го роди третото дете на парот.

Ивона е 11 години помлада од својот сопруг и не крие колку е заљубена во него, а на коментарите дека е со пејачот само поради пари, вели дека го запознала кога тој бил на дното и немал ни 1.000 динари во џеб.

Само два дена пред породувањето, Ивона го прослави својот 32 роденден, а тогаш на Инстаграм објави фотки од прославата, на која во бел фустан го истакна својот труднички стомак.

„Прославувам 32 години и влез во 40-тата недела. Фала ти Господе“, напиша таа на 27 јуни, а веќе на 29-ти објави фотка од болница со синот.

Пејачот и сопругата му го дадоа името Исак. Ова е прв син на парот, кој веќе има две ќерки.
