Oгњен Амиџиќ семејно на море - изнајми приватен авион, ѝ прослави 6 месеци на ќерката, сопругата блеска крај него
- Детали
- сабота, 25 јули 2026
На одморот Огњен Амиџиќ позираше со цуцла и играчка, преправајќи се дека е бебе и шеговито напиша: „Кога ви недостига сон, мир, не сакате фрки околу пари и сакате сè околу вас другите да прават“. Потоа, со ќерката во раце ги славеше нејзините 6 месеци, а за нејзиниот прв лет изнајми приватен авион.

Откако кон крајот на јануари по вторпат стана мајка, сопругата на водителот Огњен Амиџиќ објави фотографија од одмор на море, која предизвика бројни позитивни коментари.
Мина Наумовиќ го привлече вниманието на своите следбеници со фит формата.

Многумина забележаа дека зрачи со самодоверба и изгледа беспрекорно, брзо по породувањето.
Фотографијата што ја објави Мина:

Познато е и дека Мина потекнува од угледно лекарско семејство, во кое образованието и професионалниот успех отсекогаш имале посебно место.

Кога станува збор за приватниот живот, Мина Наумовиќ и Огњен Амиџиќ денес уживаат во семејното секојдневие со своите деца.

Водителот зад себе има и брак со манекенката Данијела Димитровска, со која го има синот Матија.
И покрај бројните професионални обврски, Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ секој слободен момент го користат за да бидат заедно.
